Серж Гнабри го менува Баерн Минхен за Њукасл

Серж Гнабри, напаѓачот на Баерн Минхен, можеби ќе ја напушти „Алијанц Арена“ ова лето и ќе ја прифати понудата од Њукасл. Англискиот премиерлигаш нуди 50 милиони евра за поранешниот германски репрезентативец, а според англиските медиуми, Баерн се очекува да го прифати трансферот.

Гнабри најверојатно би загубил уште поголема минутажа со пристигнувањето на Мајкл Олисе, кој беше голема желба на Венсан Компани. Покрај тоа, конкуренцијата во навалната линија со играчи како Лирој Сане, Кингсли Коман и Џамал Мусијала е жестока.

Во Њукасл, Серж Гнабри би играл како стартер на десната крилна позиција, што ја прави оваа понуда многу привлечна за него. Единствениот потенцијален проблем е што Њукасл нема да учествува во Европа следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести