Милан загуби од Аталанта на домашен терен со 0-1 во неделата, но се чини дека „црвено-црните“ со мислите беа насочени кон реваншот против Интер во полуфиналето од Купот на Италија. Екипата предводена од Сержо Консеисао е далеку од посакуваните резултати оваа сезона, па шансата за трофеј ја гледа токму во Купот, а Португалецот за лошите резултати ги обвини медиумите.
„Откако дојдов и го освоив Супер купот, секојдневно се зборува за тренерите кои треба да дојдат во Милан. За мене е во ред, во фудбалот сум 40 години, но играчите тоа го читаат и затоа немаме стабилност. Мора да работиме денес за да бидеме подобри утре. Не ми е лесно бидејќи нема премногу почит. Мојата иднина не зависи од ништо, морам да ја подготвам екипата за следниот меч против Интер и да го освоиме тој трофеј. Фудбалерите мора да знаат дека најважниот натпревар е токму оној на кој во моментот играш. Оние кои влегуваат од клупа, секогаш ни носат нешто плус, но тоа не беше случај против Аталанта“, рече Консеисао.
Првиот меч помеѓу Интер и Милан заврши нерешено, 1-1.