Сестри во акција – Кристи направи пенал, Саманта ја казни со победнички гол (Видео)

Необичен момент во финишот на мечот меѓу Северна Каролина и Хјустон во женската фудбалска лига на САД го одлучи победникот, а во акција беа сестрите Мјуис.

Повозрасната Кристи, која настапува за Хјустон, направи пенал, а изборот на домашниот тренер беше ударот од белата точка да го изведе нејзината сестра Саманта.

Иако знаеше дека нејзината сестра ќе биде виновник за поразот на гостинките, Саманта Мјуис беше ладнокрвна и прецизна во 86-тата минута, погоди од 11 метри и донесе победа за лидерот на табелата, Северна Каролина.

Вакви моменти ретко има во фудбалот, а едната сестра се радуваше на победата, додека другата од спротивниот табор тагуваше за поразот.

 

- Оглас -

Најнови вести