Сетјен ја тужи Барселона

Кике Сетјен покрена тужба против Барселона околу договорот кој го потпиша во јануари годинава, при доаѓањето на „Камп ноу“. Сетјен потпиша соработка до јуни 2022 година, со вкупна плата од 12 милиони евра, но поголемиот дел од сумата не го доби бидејќи беше избркан од клубот во август, седум месеци по ангажманот.

Шпанскиот стратег бара да му се исплати преостанатиот дел од платата, односно околу 9 милиони евра, бидејќи тој е разрешен од позицијата тренер, меѓутоа договорот и натаму е активен.

Инаку, Сетјен ја водеше Барселона во вкупно 25 натпревари, во кои екипата издвои 16 победи, пет порази и четири ремија, а неговата авантура на „Камп ноу“ заврши по дебаклот од Баерн Минхен од 2-8 во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести