Сетјен најде работа во Бразил?

Кике Сетјен ја заврши должноста на тренер во Барселона по крајот на минатата сезона. Неславно го напушти „Камп ноу“со отказ по фијаското на Каталонците од 2-8 против Баен Минхен во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но по пауза од неколку месеци, на Сетјен му се укажа прилика да работи во странство.

Наводно, бразилскиот прволигаш Палмеирас е во контакт со Сетјен да ја преземе клупата по отказот на Вандерлеј Луксембург. За Сетјен ова би било втора работа надвор од Шпанија, откако претходно беше селектор на Екваторска Гвинеја во 2006 година.

Поранешнииот предводник на Лас Палмас и Бетис ги предводеше Каталонците во 25 натпревари со учинок од 16 победи, пет порази и четири ремија.

- Оглас -

Најнови вести