Сетјен објасни зошто Реал ќе ја освои титулата и најави дека ќе остане тренер на Барселона

На две кола до крајот во шпанската Примера останува само формално Реал Мадрид да ја освои титулата. На Кралевите им се потребни само уште два бода за и официјално да бидат крунисани во нови шампиони. Реал утре на свој терен игра против Вилјареал и треба да ги реши сите дилеми. Во исто време Барселона ќе игра против Осасуна, но каталонскиот гигант е во позиција на посматрач, затоа што заостанува дури четири бода.

Тренерот на Барселона Кике Сетјен открива зошто Реал ќе биде новиот шампион, но и додаде дека очекува и следната сезона да го предводи тимот.

„Ја превземам одговорноста, но не целосно. Секогаш тренерите се први на удар, но мислам дека не беше катастрофа тоа што имавме три нерешени меча. Повеќе би рекол дека Реал одигра одлично затоа што победи на сите натпревари по враќањето на првенството. На нас ни недостасуваше свежина. Екипи како Валјадолид и Осасуна имаа повеќе играчи во ротација, а ние немавме. Тешко ни падна и повредата на Френки де Јонг“, вели Сетјен, кој додаде дека се гледа како тренер на каталонскиот гигант и во следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести