Сетјен веднаш воспостави позитивна работна атмосфера (видео)

Првиот предизвик на Кике Сетјен во Барселона ќе биде мечот на домашен терен против Гранада. Средбата од 20-тото коло во Ла Лига која е закажана за утре (21 часот), ќе биде окарактеризирана како деби за стратегот на клупата на Каталонците, а за да оствари победа уште на стартот Сетјен се погрижи екипата да работи во позитивна атмосфера.

Стратегот им се приклучи на играчите во тренингот и беше доста активен, немаше ништо против да биде во средина и да брка топка при една од вежбите за загревање.

 

- Оглас -

Најнови вести