Севиља е владетелот во Лигата на Европа: Го елиминира Јувентус и по седми пат ќе игра во финалето (Видео)

Севиља ќе игра против Рома во финалето од Лигата на Европа откако по голема борба и 120 минути на теренот во Шпанија, домашниот тим со 2:1 го победи Јувентус. По регуларните 90 минути, резултатот беше 1:1, ист како од пред една недела во Торино. Душан Влаховиќ во 65-тата минута, и тоа само 58 секунди откако влезе во игра, го донесе Јувентус во предност од 1:0.

Сепак Севиља не се предаде и брзо го возврати ударот. Сусо со прекрасен шут од далечина израмни на 1:1 во 72-рата минута, што се покажа како резултат по 90 минути и мораше да се играат дополнителни 30 минути.

Во продлжението од 30 минути, Ерик Ламела со глава погоди во 95-тата минута, момент кој се покажа како клучен за триумф на Севиља. Со оваа победа шпанскиот тим потврди дека е доминантен во ова натпреварување. За Севилја ова ќе биде седмо финале во Лигата на Европа, а во претходните шест финалиња секогаш победувала и го освојувала пехарот.

Во финалето, Севиља сега за ривал ќе го има тимот на Рома.

- Оглас -

Најнови вести