Севилја е непобедлива во големото градско дерби против Бетис (Видео)

Севилја го победи Бетис на „Бенито Вилјамарин“ со 2:0 и ја продолжи убавата серија успеси против вечниот ривал. Дербито на Севилја го решија Маркос Акуња со водечки гол во 55-тата минута и несреќниот Ектор Белерин со автогол во 81-вата минута.

Акуња постигна вистински еврогол и тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Автоголот на Белерин со кој Севилја ја потврди победата можете да го погледнете ОВДЕ.

Како и секогаш кога меѓу себе играат двете екипи од Севилја, беше возбудливо, а голем хендикеп за Бетис беше исклучувањето на Родригес во 45-тата минута, кога доби втор жолт картон и автоматско исклучување.

Севилја ја искористи ситуацијата со играч повеќе цело второ полувреме и со два гола победи и ја продолжи низата од шест меча против Бетис без пораз.

Со осмата победа сезонава во Ла Лига, Севилја се израмни со Реал Мадрид на втората позиција со по 27 бода, еден помалку од лидерот Реал Сосиедад, но и двете екипи имаат и меч помалку од водечката екипа.

Бетис остана на петтото место со 21 бод.

- Оглас -

Најнови вести