Севилја и Интер не кријат премногу, ги најавија можните состави за вечерва

Вечерва со почеток во 21 часот на стадионот „Рајн Енерги“ во Келн почнува големото финале во Лигата на Европа, Севилја и Интер ќе се натпреваруваат за трофејот и, според најавите, треба да биде интересно финале на два тима со различни, но и добро дефинирани фудбалски филозофии.

Кој и да победи, тоа ќе му биде седми европски трофеј во историјата. Интер има по три титули европски првак и е освојувач на Купот на УЕФА (денешна Лига на Европа), а Севилја има пет трофеи од Лигата на Европа и еден европски Суперкуп.

Тренерите Хулен Лопетеги и Антонио Конте немаат многу дилеми околу почетните состави. Единствено не се знае кај Севилја дали Лукас Окампос може да игра 90 минути или стартер ќе биде Мунир Ел Хадади, а Аргентинецот кој има проблеми со коленото да влезе подоцна.

Италијанските и шпанските медиуми ги најавуваат следниве почетни состави:

Севилја (формација 4-3-3): Боно, Хесус Навас, Кунде, Диего Карлос, Регилон, Банега, Фернандо, Џордан, Сусо, Ел Несири, Окампос. 

Интер (3-5-2): Хандановиќ, Годин, Де Вреј, Батонс, Д‘Амброзио, Барела, Брозовиќ, Гаљардини, Јанг, Лукаку, Мартинес. 

На клупата на Севилја се: Вацлик, Дијас, Перес, Гудељ, Торес, Лара, Ескудеро, Васкес, Гомес, Родригес, Ел Хадади и Де Јонг. Резерви кај Интер ќе бидат: Падели, Ранокија, Шкринијар, Бираги, Кандрева, Мозес, Сенси, Борха Валеро, Ериксен, Агуме, Алексис Санчес, Еспозито.

 

- Оглас -

Најнови вести