Севилја има нов тренер

Шпанскиот прволигаш Севилја го промовираше новиот тренер. Франциско Хосе Гарсија Пимиентае избран за нов шеф на стручниот штаб во Севилја. Пимиента потпиша договор на една година, со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Пимиента во последните две сезони го предводеше тимот на Лас Палмас, а во Севилја доаѓа на местото на Кике Санчес Флорес, кој доби отказ поради слабите резултати. Тимот од Андалузија ја заврши сезоната на 14 место со само 41 освоен бод, само осум повеќе од зоната за испаѓање.

✍️ @GarciaPimienta has been confirmed as our new Head Coach!

- Оглас -

Најнови вести