(Видео) Севилја ја начека Барселона без Меси, со 2-0 ќе патува на реваншот на „Камп ноу“

Севилја направи голем чекор кон полуфиналето на шпанскиот куп со победа од 2-0 против Барселона вечерва, во првиот четврт-финален меч.

Пабло Сарабија прв погоди во 58-мата минута, а голема предност од 2-0 на домаќините им донесе Висам Бен Једер во 76-тата минута.

Барселона играше без Лионел Меси, кој доби одмор од тренерот Ернесто Валверде, а без него повторно не ѝ одеше на екипата од Каталонија.

Луис Суарес, Филипе Кутињо и Жорди Алба влегоа во игра во второто полувреме, но за Барса веќе беше доцна и поразот со разлика од два гола е мошне незгоден пред реваншот што ќе се игра на 30-ти јануари на „Камп ноу“.

https://www.youtube.com/watch?v=aurMyKq4xIs

- Оглас -

Најнови вести