Севилја ќе загуби од Барса и ќе го загуби второто место во Шпанија

1009 Тотенхем – Њукасл (17.30 часот)

Тотенхем има четири победи во последните пет кола, се бори за место во Европа и не би смеел да загуби дома од Чавките кои имаат пад во формата, и пред репрезентативната пауза загубија два меча по ред. Тотенхем е тим кој има само три нерешени резултати на 29 меча сезонава, но затоа Њукасл има дури десет ремија на 29 меча, иако одамна не играле „икс“. Њукасл е на девет бода над опасната зона, но опстанокот не му е загарантиран. Њукасл ја има четвртата најлоша одбрана во Премиерлигата, а есеноска дома загуби од Тотенхем со 2-3.

Предлог тип: 1 & 2-5 (2.04)

 

3008 Јувентус – Интер (20.45 часот)

Најголемото дерби во Италија кое се игра вечерва, може да биде кобно за еден од двата гиганти, и евентуално поразениот, да се прости од шампионската титула. Интер има шест бода помалку од лидерот Милан, но и еден меч помалку, оној со Болоња. Интер има три ремија во последните четири кола, само една победа во последните пет меча. Јуве има низа од четири победи, но Старата дама е на седум бода негатива во однос на Росонерите на осум кола до крајот. Интер цели десет години нема победа над Јуве во Торино.

Предлог тип: ГГ (1.75)

 

1309 Барселона – Севилја (21.00 часот)

Барса е во феноменална форма, во минатото коло го декласираше Реал со 4-0, и фаворит е на хартија и против Севилја која полека го губи чекорот и има три ремија едноподруго. Севилја е тим со најмалку примени голови во шпанската лига, а Каталонците играат многу ефикасно откако се засилија во зимскиот преоден рок. Севилја има само два порази сезонава, но тешко дека ќе успее да го задржи второто место на табелата. Во декември во Севилја беше 1-1, а на „Камп Ноу“, традицијата најавува чиста единица. Севилја дури 20 години не знае за лигашка победа на овој стадион, а ретки се и нерешените исходи.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.30)

 

1022 Бирмингем – ВБА (16.00 часот)

Во ова локално дерби, благи фаворити на хартија се гостите, кои четири кола по ред не знаат за пораз и имаат 12 бода повеќе од ривалот. Бирмингем доби само еден од последните пет меча во Чемпионшип, во претходните три кола не даде гол, но не е загрозен, има 14 бода плус во однос на Барнсли кој е трети од долу. Последната победа на Бирмингем над ВБА беше во 2006 година, а дома во 2004 кога беа премиерлигаши.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.91)

 

1958 Трабзонспор – Бешикташ (19.30 часот)

Трабзон одбројува до прославата на титулата, а за Бешикташ сезонава амбицијата е да се пробие до излез во Европа. Бешикташ не знае за победа веќе три кола, па ако слави во Трабзон, како во минатата сезона, овојпат тоа би било изненадување. Трабзонспор во минатото коло загуби на снежниот терен во Ризе, но и втората Коњаспор беше поразена, па разликата помеѓу првиот и вториот остана огромни 15 бода. Кај Трабзон, повреден е Хамшик, а кај Бешикташ ќе го нема Пјаниќ. Ова е дуел на два тима кои често и даваат и примаат гол, а и на последните седум нивни пресметки, било ГГ.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.00)

- Оглас -

Најнови вести