Севилја со провокација до градскиот ривал Бетис по загубеното финале (Фото)

Ривалството помеѓу Севилја и Бетис е едно од најжестоките во Шпанија, а доказ за тоа е и вечерашната провокација од Севилја до градскиот ривал кој загуби финале на Конференциската лига.

Од Севилја не сакаа ептен дрско да објават дека го прославуваат поразот на Бетис од Челзи, иако е јасно дека и во клубот и нивните навивачи уживале во тоа. Но, од Севилја најдоа друг начин индиректно да го „боцнат“ Бетис, па не го спомнаа Бетис туку јавно упатија честитка и му аплаудираат на нивниот некогашен играч Енцо Мареска за освоениот трофеј.

- Оглас -

Најнови вести