Спектакл во Келн, Чурлинов во битка со милионери од Дортмунд

Гранада – Севилја (Ла Лига, 20 часот)

Севилја експресно најде одлични замени за стандардните напаѓачи од ланската сезона, Сарабија и Бен Једер, а место нив веќе играат, и тоа многу солидно, Окампос и Де Јонг.

Една од најдобрите шпански екипи во овој милениум по вторпат на стартот од Ла Лига ќе гостува, а премиерата беше одлична со победа од 2:0 на тешкото гостување кај Еспањол.

Севилја има неколку нови играчи, а на дебито најмногу покажа бекот на Реал Мадрид, Регулион, кој беше и стрелец на водечкиот гол против Еспањол. Андалузијците имаат и одлични „староседелци“, предводени од искусните Нолито и Навас, па и оваа сезона ќе се борат за висок пласман.

Гранада се врати во Ла Лига и тоа го стори со стил и со возбудливо реми 4:4 против Вилјареал на гостински терен. Ветеранот Роберто Солдадо покажа дека уште е фудбалски мајстор и со гол и асистенција во финишот на мечот ѝ донесе бод на Гранада. Целта е да се обезбеди опстанок во една од најсилните лиги на светот, но вечерва Севилја е фаворит и ќе победи на „Лос Карменес“.

Предлог тип: 2 (2.00)

 

Келн – Борусија Дортмунд (Бундеслига, 20.30 часот)

Навивачите на Келн знаат да приредат спектакл, а вечерва на „Рајн Енерџи“ сигурно ќе има фантастична атмосфера. Ќе се слави камбекот на Jарците во Бундеслигата, а на гости доаѓа еден од најсилните состави во Германија.

Борусија игра прекрасно на стартот од новата сезона, а Mилионерите се пеколна машинерија за голови. Имаат екстра квалитет и поединци, особено во нападот, па противничките одбрани не знаат од кого да се бранат. Жадон Санчо, Марко Ројс, Пако Алкасер и сега Торган Азар се ударните напаѓачки игли во ултраофанзивниот концепт на игра што го практикува Луцијан Фавр. Важно е да се даде гол повеќе од противникот, што ја прави Борусија една од најатрактивните екипи на планетата во моментов.

Келн е посебно во фокусот на македонската фудбалска јавност бидејќи член на Јарците е нашиот најмлад репрезентативец Дарко Чурлинов. Веќе дебитираше за Келн на премиерата и одигра 20-тина минути во поразот од Волфсбург со 1:2. Гол(ови) против Борусија Дортмунд би биле силен потстрек за 19-годишно момче што ги прави првите значајни чекори во Бундеслигата.

Борусија е фаворит, но и Келн знае да одигра за гол повеќе, па вечерва се очекуваат полни мрежи во спектакуларна атмосфера на „Рајн Енерџи“ во Келн.

Предлог тип: Т2 3-5 гола (2.50) Квота на денот на Sport Life

 

Генк – Андерлехт (Јупилер лига, 20.30 часот)

Гигантот од Белгија, Андерлехт преживува тешки моменти и криза, која почна лани со дивеењето на навивачите и загубениот меч од Стандард со службен резултат од 0:5. И оваа сезона за рекордерот со 34 белгиски титули, но и три европски трофеи на домашната сцена почна лошо.

Со два порази и нерешени дуели, Андерлехт го има најлошиот старт во овој милениум и во последните 21 година. Веќе има и „жртва“ и повторно има и чудна ситуација во клубот. Винсан Компани доби отказ како тренер, но остана да биде играч, и тоа капитен на тимот. Со образложение дека сега ќе биде посветен само на игрите на теренот, па се очекуваат веројатно и подобри изданија од Андерлехт во продолжението на шампионатот.

Проблем за Андерлехт е што ќе треба да прави пресврт по лошиот старт против Генк, екипа што ја нема победено на последните шест дуели.

Генк е актуелен шампион, во моменто има подобар тим од Андерлехт, но и тие имаа скромен старт во однос на амбициите, со две победи и два порази, па ќе сакаат да ги освојат бодовите против клуб великан кој е во голема криза.

Предлог тип: 1&3+ (2.70)

 

Астон вила – Евертон (Премиер лига, 21 часот)

Астон вила не одигра лошо на двата стартни дуели при камбекот во Премиерл игата, но резултатите изостанаа, па бодовите им припаднаа на противниците.

Дин Смит сака неговиот тим да игра офанзивно и Астон вила им покажа заби и на Тотенхем и на Борнмут, постигна голови и на двата меча, но и ги загуби.

Сосема спротивно, Марко да Силва наметна концепт со поцврста игра на Евертон и тоа во првите две кола донесе резултат. Со еден гол на Бернард, освоени се четири бода во дуелите со Кристал палас и Ватфорд. Сè уште се чека Ивоби да дебитира, Делф е повреден, а Мојс Кен полека добива шанса да игра сè почесто.

Евертон осетно се засили во летниот преоден рок, повторно е првиот кандидат за разбивање на големата шесторка и вечерва на „Вила парк“ во Бирмингам е фаворит за победа.

Предлог тип: Х2&2-4 гола (2.20) Квота на денот на Sport Life

 

Леванте – Вилјареал (Ла Лига, 22 часот)

Енис Барди и соиграчите ќе сакаат со добра игра и резултат вечерва против Вилјареал да го избришат бледото издание од премиерата против Алавес.

Немаат победа против Жолтата подморница на последните четири меѓусебни дуели, а им доаѓа опасен гостин со пеколен напад. Стрелците на Вилјареал беа расположени за игра веднаш на стартот на новото издание на Ла Лига, постигнаа 4 гола, но одбраната беше слаба и успеа да прими еднаков број погодоци во дуелот со повратникот во елитата, Гранада.

Чукуезе, Морено, Ибора, Екамби… Вилјареал има страшен напад, што ќе му задава мака на Леванте, чија одбрана не е меѓу најдобрите во Лигата и има многу слаби точки. Шанса за Леванте е да се постигне гол повеќе од противникот, а еден од адутите за победа е Енис Барди, особено неговите удари од далечина и од слободни удари.

Двете екипи не стартуваа како што посакуваат, па ќе се обидат да се поправат во меѓусебниот дуел, вечерва на „Сиудад де Валенсија“, што е добра причина да се одигра на голови.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.00) Квота на денот на Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести