Со 30-тото коло кое се игра викендов се затвора осмата сезона на бесплатната Спортска прогноза на Sport Life.
Ова е последна шанса со перфектен скор и да се стигне до Среќна 13-ка и да се добие подарок iPhone 16. Како што е познато, 12 погодоци носат ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а ваучер од 500 денари добиваат тие што ќе имаат 11-ка. Типувањето трае до 13.30 часот во сабота, кога почнува првиот натпревар во основната понуда, дерби во англиската Премиер лига помеѓу Ливерпул и Челзи.
Колото почнува со дерби, а завршува со мегадерби, шпанското Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид. Тука се уште и 11 интересни пресметки на кои треба да се погоди исходот, а секако мора да се типува и на двата резервни пара кои се пресметуваат во скорот во генералниот пласман.
Во пресрет на последното коло, Блажо А. е со најдобри шанси да биде победник во генералниот пласман и да добие телевизор „самсунг“ со екран од 55 инчи. Тој има четири поени повеќе од второпласираните Лаура Т. и Кирил П. Подароци во вид на СЛ маркет поени ќе добијат и оние прогнозери кои ќе се најдат од второто до петтото место во генералниот пласман.


