Сезонава во Генералниот пласман на Спортска прогноза победи жена!

Вања Арсова е победничка во Генералниот пласман во третата сезона на Спортската прогноза на Sport Life и Спортманија. Вања во 36-те кола освои вкупно 245 бодови, а до победата дојде благодарение на седумте погодоци во последното коло, со кои го надмина дотогашниот лидер на табелата Перо К., кој викендов имаше само четири погодени.

Во последното 36-то коло коло најдобар беше Горан С. со 10 погодени од 13-те во основната понуда. За Генералниот пласман се броеја и двата резервни пара.

Вања како победничка ќе добие Смарт Телевизор од 48 инчи и ќе биде контактирана од Sport Life, а до крајот на месецов ќе ја добие наградата. Тоа важи и за останатите добитници на награди. За вториот, третиот, четвртиот и петтиот во Генералниот пласман следуваат СЛ Маркет поени.

Второто место на Зоран Н. му носи 500.000 СЛ маркет поени, третиот Перо К. ќе добие 400.000 поени, на четврто место е Андреа А. и ќе добие 300.000 поени, а петтопласираниот Роберт М. добива 200.000 поени. Роберт и Тони К. имаа по 240 бодови, но Роберт имаше повеќе десетки (немаа 13 и 12 погодоци, а во 11-ки беа изедначени) и затоа се најде на петтото место.

Третата сезона на бесплатната Спортска прогноза беше најмасовна, со просек од 1.973 играчи по коло, 5.945 различни прогнозери со СЛ картичка се обидоа да типуваат барем еднаш, а, секако, редовноста беше најважна и затоа сите кои се меѓу првите на табелата, не пропуштија ниту едно коло.

Првите петмина се распоредени со по еден поен разлика во конечната табела и тоа покажува колку беше изедначено. За жал, немаше ниту една 13-ка, премијата „ајфон 11“ остана недоделена, но имаше шест 12-ки, за кои добитници добија ваучери од Sport Life вредни од 1.000 денари, а имаше и 48 добитници со по 11 погодоци, тие добиваа вредносни ваучери од по 500 денари.

За оваа сезона толку, продолжуваме наесен со некои новини и изненадувања.

- Оглас -

Најнови вести