19.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Шахтар квалификациите во еврокуповите како домаќин ќе ги игра во Љубљана

Украинскиот Шахтар Донецк своите домашни натпревари во првите две квалификациски кола од европските купови за сезоната 2025/2026 ќе ги игра на стадионот „Стожице“ во словенечката престолнина Љубљана.

Шахтар треба да го игра првото квалификациско коло во Лигата на Европа, а потоа второто коло од Лигата на Европа или од Конференциската лига.

Како што е познато, поради руската инвазија на Украина, Рударите мораа да се преселат и најчесто играат како домаќини во Полска или воГерманија.

- Оглас -

Најнови вести