Шаланде собра сили и под баражен оган да признае: Македонија одигра мудро, како вистински тим во значаен меч

Бернард Шаланде вечерва го почуствува вкусот на поразот и иако до неодамна на Косово го креваа во облаци како одличен селектор, по поразот од Македонија мораше да одговара и на незгодни прашања и дали ќе си поднесе оставка.

Сепак, Швајцарецот беше смирен, одлично го познава балканскиот менталитет, а постапи џентлментски и призна дека Македонија беше подобра од Косово вечерва во Скопје.

„Малку и немавме среќа. Одигравме добро во првото полувреме. Се случува во фудбалот да се прими и автогол, како што беше моментот при првиот погодок за Македонија и не треба да обвинуваме никого. Во второто полувреме домаќините одиграа цврсто, мудро, како состав што знае како да ја брани предноста и да напаѓа. Секако дека сме разочарани, но ѝ честитам на Македонија на победата и ѝ посакувам да игра на Европското првенство“, изјави Шаланде.

Репрезентацијата на Косово го заврши премиерниот циклус од Лигата на нации и е елиминирана, а Македонија е пред историска шанса со победа во Тбилиси на 12 ноември да се пласира на ЕП што ќе се игра следната година.

- Оглас -

Најнови вести