Дарко Чурлинов по се изгледа набргу ќе се врати од Шалке во својот матичен клуб Штутгарт, барем така тврдат германските медиуми.
Наводно, великанот кој настапува во втората по квалитет лига на Германија не е задоволен од неговите настапи и на зима ќе доведе двајца напаѓачи со цело да се подобри голгетерската форма, која е лоша на последните две средби.
Шалке загуби и денеска, овој пат на гостувањето кај Хајденхајм со минимални 1:0 во рамките на 12. коло од Цвајте, а Чурлинов го преседе целиот меч на клупата.
Стрелец на единствениот погодок беше Оливер Хусинг во самата завршница, со што му го нанесе на тимот од Гелзеркирхен четвртиот пораз сезонава, а втор едноподруго во сите натпреварувања, ако се рачуна и натпреварот против Минхен 1860 во рамките на германскиот куп.
За потсетување, Чурлинов летово пристигна во Шалке како позајмен играч на Штутгарт, откако не успеа да добие голема минутажа во Бундеслигашот.