Торонто репторс ја продолжи соработката со Кајл Лаури до 2021 година. На искусниот плејмејкер му истекуваше постоечкиот договор во јули 2020 година, а сега актуелниот првак успеа да го тргне од претстојната листа на слободни играчи. Со новиот договор, на Лаури му се загарантирани 31 милион долари годишно, како награда за успехот од минатата сезона.
Иако канадската франшиза остана без еден од најдоминантните играчи во лигата, Кавај Ленард, раководството успеа да го задржи верниот Лаури, кој боите на клуботги брани од 2012 година. Тој ќе биде предводник на екипата и во новата сезона и во сезоната 2021, без разлика што сега не се конкурентни како претходно.