13.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Шампионот МЗТ го задржа американскиот плеј

МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи соработката со Бре Ајви на уште една сезона. Американскиот плејмејкер во редовите на актуелниот шампион пристигка кон крајот на минатата сезона и се покажа како одличен ангажман на Штрковите.

Ајви запиша 16 настапи во кои одржа просек од 1,5 поени и 4,3 асистенции по натпревар и одигра значајна улога во освојувањето на деветтата титула. Тој е четвртиот од низата кошаркари со договор за следната сезона, во која од Ајви Сино-белите очекуваат да демонстрира уште поголем квалитет, пред сè во АБА-лигата.

Од претходно осигурни се потписите на Адем Мекиќ, Бојан Крстевски и Дамјан Робев, летово договорот го обнови Дамјан Стојановски, додека во тимот по едногодишно отсуство се врати Андреј Магдевски. Нови ангажмани на македонскиот првак се Американците Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец, Страхиња Миќовиќ.
- Оглас -

Најнови вести