Шампионот МЗТ ќе продолжи со Радуловиќ на клупата

Покрај Дамјан Стојановски, кој има уште една година од договорот со македонскиот првак, управата на МЗТ Скопје Аеродром во изминатиов период работеше на обнова на соработките и со најзаслужните за освојување на двојната круна минатата сезона.

Дарко Радуловиќ потпиша нов едногодишен договор и во иднина ќе ги води Металците, кој успешно седна на клупата кон средината на март и го предводеше тимот до посакуваниот успех во „Јане“.

Во екипата најмалку до крајот на следната сезона ќе бидат Бојан Крстевски и Адем Мекиќ, кои исто така ја продолжија соработка. Воедно, потпис на двегодишна соработка со МЗТ Скопје стави и Дамјан Робев, зад кого е одлична сезона во Куманово.

Меѓу првите со кои преговараше нашиот клуб е  плејмејкерот Андреј Магдевски, кој беше избран за МВП на финалната серија од плејофот и кој од нашата управа доби побогата понуда во однос на тоа што го имаше досега.

фото: КФСМ

- Оглас -

Најнови вести