Христијан Тренчевски од Пехчево е шампионот во втората сезона на популарната игра Спортска прогноза во организација на Sport Life обложувалниците. Тренчевски кој е страстен љубител на спортот, покажа дека има одлично чувство за прогнозирање и на крајот, по 34. кола заврши како најдобар со 235 поени, далеку пред второпласираниот Николче кој имаше освоено 220 поени.
За својата умешност во Спортска прогноза, Христијан ја доби главната премија за втората сезона, а тоа е Смарт телевизор од 49 инчи. Шампионот е презадоволен од подарокот кој дефинитивно го заслужи.
„Веќе го ‘тестирав’ телевизорот, гледавме фудбал, а игравме и Сони плејстејшн со другарите“, расположено коментираше Христијан.
Тренчевски вели дека Спортска прогноза играл и во првата сезона, но тогаш немал толку голем успех. Затоа сезонава успеа да има просек од 6,9 поени во коло, што беше доволно да стигне до шампионската позиција.
„Спортска прогноза играв и во првата сезона, но тогаш немав некој поголем успех. Успеав да освојам ваучер од 200 денари, но бев далеку од трката за Генерален пласман. Во втората сезона, ситуацијата се промени. Уште во стартните неколку кола започнав добро и се издвоив меѓу најдобрите. Се работи за интересна игра која е забавна, а е и бесплатна. Нема што да се загуби, а со добри прогнози може добро да се заработи“, вели Тречевски.
ДОБИТНАТА ТАКТИКА БИЛА ДА НЕ СЕ ИГРА „ИКС“
Шампионот открива дека имал посебна тактика која се покажала како успешна. Избегнувал да игра „икс“ на прогнозите.
„По првите неколку одиграни кола забележав дека е мал бројот на мечеви кои завршуваат нерешено. Иако имаше многу неизвесни дуели, ретко кога завршуваше ‘икс’. Затоа решив дека нема потреба да бркам нерешено, па моите прогнози се базираа на победа на една од двете екипи. Тоа на крајот се покажа и како успешна тактика“, објаснува најдобриот прогнозер од втората сезона
УШТЕ ПРЕД КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ОЧЕКУВАЛ ДЕКА ТЕЛЕВИЗОРОТ ЌЕ ЗАВРШИ ВО НЕГОВИ РАЦЕ
По 20-тина одиграни кола, Христијан се издвои на врвот со двоцифрена предност во однос на сите останати конкуренти. По светската криза со Коронавирусот и прекинот на натпреварите, а со тоа и принудната пауза на Спортска прогноза, мајсторот за прогнозирање, едвај чекал да продолжи натпреварувањето, затоа што бил уверен дека нема да ја испушти предноста до крајот.
„Пред паузата поради Коронавирусот се издвоив на табелата со повеќе од 10 бода пред вториот и едноставно знаев дека ќе бидам добитник на телевизорот. Со нетрпение чекав да помине паузата и да се доиграат останатите кола. Релаксирано ги дочекав последните 2-3 недели од Спортска прогноза“, вели Христијан.
ВО ПОСЛЕДНОТО КОЛО СЕ ПОТВРДИ ДЕКА АЈФОНОТ НЕ Е ТОЛКУ ДАЛЕКУ ЗА ОСВОЈУВАЊЕ
Главната неделна премија на Спортска прогноза, iPhone XS сезонава остана неостварлив за прогнозерите, но факт е дека во последното 34. Коло, Илија за само еден тип не успеа да има „Среќна 13-ка“.
„Тешко е да се погодат сите 13 мечеви, но еден од играчите на Спортска во последното коло имаше 12 погодени и со тоа покажа дека едноставно не е невозможно да се погоди ‘Среќна 13-ка’. Мора да се биде упорен и да се продолжи да се игра. Секако дека ќе играм и во третата сезона на Спортска прогноза и ќе ја бркам главната неделна премија“, објаснува шампионот, кој е фан на Манчестер јунајтед.
ОДЛИЧНО Е ШТО МОЖЕ ДА СЕ ИГРА ОНЛАЈН ВО SPORT LIFE
Христијан вели дека Sport Life е неговиот избор за тоа каде ќе се обложува, а посебно е задоволен што сега започна и онлајн обложувањето. Вели дека не игра на „големи пари“ и дека најголемата добивка која ја има добиено не е поголема од 300 евра. Сега знае да направи и тикет со повеќе од 20 натпревари затоа што привлечен е бонусот ЛЕТО НА 500%.
„Сакам да се обложувам, на тој начин и мечевите за следење се поинтересни. Немам некоја многу голема добивка досега, максимум на тикет имам добиено околу 300 евра. Добро е тоа што започна и онлајн обложувањето, па имаме опција за правење тикет и кога немаме можност да отидеме до обложувалница“, заврши најдобриот прогнозер за втората сезона на Спортска прогноза
РЕЧИСИ 4.000 ЛУЃЕ ЈА ПРОБАА СРЕЌАТА ОВАА СЕЗОНА
Во одиграните 34 кола, вкупно беа направени 39.052 прогнози, од 3.795 различни учесници. Најблиску до главната премија iPhone XS беше Злате И. кој во последното 34 коло погоди 12-ка за што доби вредносен ваучер од 1.000 денари од Sport Life. Оваа сезона беа доделени и вкупно 45 ваучери од 500 денари за 11 погодени натпревари.
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН И ПОДАРОЦИ ЗА НАЈДОБРИТЕ 5
Христијан Тренчевски – Старт ТВ 49 инчи
Николче Димоски – 500.000 СЛ Маркет поени
Славе Биткоски – 400.000 СЛ Маркет поени
Петар Зафировски – 300.000 СЛ Маркет поени
Пеце Каранфиловски – 200.000 СЛ Маркет поени