Актуелниот италијански првак Наполи повторно одигра разочарувачки меч на свој терен и неочекувано загуби од Емполи. Пред почеток на средбата, Наполи беше голем фаворит, посебно поради фактот дека Емполи имаше освоено само 7 бода од 11 средби, но на тереот ситуацијата беше поинаква.
Гостите одлично се бранеа, а Наполи уште еднаш покажа дека е немоќен на својот „Диего Армандо Марадона“. Кога се очекуваше дуелот да заврши без погодоци, во 90+1 минута, гостинскиот играч Коваленко само направи дополнителен шок за домашните фанови, погодувајќи за поведа на Емполи од 1:0.
Елиф Елмас беше стартер, а беше заменет во 54 минута, кога на негово место влезе Кварацкелија. Наполи последен пат победи на свој терен на 27 септември против Удинезе со 4:1, а оттогаш одигра пет меча без да ги израдува фановите.