Шампионски менталитет: Норвешка знаеше кога треба да запне за нова европска круна!

Ракометната селекција на Норвешка по четврти пат на последните пет европски првенства во женска конкуренција го освојува златото и потврди дека е број 1 на Стариот Континент.

Во финалето во Љубљана, Норвешка ја победи Данска со 27-25 иако Данките водеа во целото прво полувреме, на моменти и со по пет гола разлика, а имаа и 22-18 во вториот дел. Тогаш Норвешка направи серија од 6-1 и првпат го презеде водството, по што Данска веќе не успеа да се рехабилитира, па титулата остана во Норвешка.

Данска играше финале за првпат по 18 години, а исто како и тогаш, во финалето загубија од Норвежанките со 25-27.

- Оглас -

Најнови вести