Екипата на Вардар 1961 и пред мечот со Тулуз го имаше обезбедено првото место во групата во ЕХФ Европската лига, но Црвено-црните иако малку опуштени, го добија овој „неважен“ натпревар со 37-35.
Малус со 9 и Хориха со 8 гола беа најефикасни кај Вардар, голманот Гогов имаше 12 интервенции.
Единствената дилема беше дали Вардар во следната рунда ќе пренесе два или четири бода, а тоа зависеше од резултатот на средбата Кристијанштад – Сесвете. На Вардар му требаше победа на Хрватите, но победија Швеѓаните со 28-27, па нашиот претставник оди понатаму со пренесени два бода. Ривали ќе бидат германски Мелсунген и Бенфика од Португалија.
Следниот европски меч на вардарци од втората фаза во Европската лига е на 17-ти февруари.

