Шампионски приказ на Лејкерс, Дејвис ги згасна Сонцињата (видео)

ЛА лејкерс во шампионско издание триумфираше сигурно против Феникс санс со 123:110 благодарение на блесокот на Ентони Дејвис. Веѓата конечно го пронајде својот ритам и покажа дека повредите се минато, па со дабл-дабл од 42 поени и 12 скока му одржа лекција на тимот кој сезонава пријатно изненади и до неодамна беше на врвот на Западната конференција.

Езерџиите тргнаа фуризоно од самиот почеток на дербито и веќе по првите 12 минути имаа двоцифрена разлика, а до полувремето Дејвис веќе броеше 22 поени. Сонцињата немаа одговор за ѕвездата на Лејкерс, Букер беше препуштен сам на себе во одреден дел од мечот, додека Крис Пол како искусен лидер на екипата се изгуби на паркетот.

Потребен е ваков Дејвис на Лејкерси за до крајот на регуларниот дел да се вратат во топ 6 екипите на Западот, односно да избегнат дополнителна борба за разигрувањата, па во последните четири натпревари ќе биде тесна трката со Портланд за последното место кое води директно во плејофот.

Останати резултати НБА:

ЛА клиперс 100:106 Њујорк, Шарлот 110:112 Њу Орлеанс, Кливленд 97:124 Далас, Орланго 96:128 Минесота, Детроит 96:106 Чикаго, Сакраменто 126:98 Оклахома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести