Шампионски сингл е кога ќе му се заврти на првакот – Си ќари илјадарче на 60 коефициент (Фото)

Обложувач во Sport Life со радост го следеше пресвртот на Вулверхемптон, а чудото што Волците му го приредија на шампионот Манчестер сити му донесе на мајсторот за „кладење“ илјадарче за уплата од 20 денари.

Мечот што ја спушти завесата на 19. коло во Премиерлигата заврши со победа од 3:2 на домаќините и со популарниот „два во кец“ што во понудата на Sport Life имаше коефициент од 60.

Вулверхемптон губеше на полувреме со 0:1, потоа и со 0:2 со двата гола на Рахим Стерлинг, но направи чудесен пресврт за добитен сингл-тикет со добивка од илјада денари на уплата од 20 денари.

Адама Траоре најави возбудувања со гол за 1:2, потоа Раул Хименес израмни на 2:2 во 82. минута, а сензацијата на Вулверхемптон ја заврши Мет Доерти со победнички погодок во 90. минута.

 

- Оглас -

Најнови вести