Шаповалов освои сет и го разлути Ѓоковиќ (Видео)

Денис Шаповалов му пружи солиден отпор на првиот фаворит за титулата во Мелбурн, но Новак Ѓоковиќ не дозволи целосен кам-бек на ривалот и победи со 3:1 во сетови.

Шаповалов се обиде на сите можни начини да му се спротивстави на шампионот, имаше и интересни трик удари, освои и еден сет,  но не можеше повеќе.

Ѓоковиќ беше концентриран и го доби последниот четврти сет на мечот со 6:0. Српскиот ас поведе со 2:0 во сетови, а потоа Шаповалов возврати. Го доби третиот сет со 6:4 и најави дека ќе се обиде да направи сензација, но се соочи со „марс“ и мораше да му честита на шесткратниот шампион на Австралија опен.

Претходно, во следната фаза на гренд-слем турнирот во Мелбурн се пласираа Медведев, Нишикори, Карено Буста и Раониќ.

Кај дамите Серена Вилијамс сигурно чекори кон 24-та гренд-слем титула, а ноќеска ја декласира младата Украинка Дајана Јастремска со 6:2, 6:1.

Понатаму одат и Осака, Свитолина, Севастова и Кијз.

- Оглас -

Најнови вести