15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Шченсни поставил услов кој Барселона ќе мора да го исполни ако сака да смета на полскиот голман

Неодамна пензионираниот голман Војчех Шченсни треба да се реактивира и да потпише за Барселона. Каталонскиот клуб има проблем по повредата на Марк-Андре тер Штеген и му е потребна сигурност на голот, а полскиот голман се чини дека е добро решение за нив.

Шченсни се повлече пред еден месец, кога спогодбено го раскина договорот со Јувентус. Иако е слободен играч, бидејќи имаше договор со торинскиот клуб и за актуелната сезона пред неговото раскинување, Барселона ќе мора да преговара и за отштета за него, по што тој би можело да му се приклучи на новиот клуб.

Сепак, „Мундо депортиво“ пишува дека Полјакот ѝ поставил услов на Барселона за „прекин на мирниот живот во Марбеља“, односно дека ќе дојде само доколку биде прв голман на клубот, а Инаки Пења повторно да се пресели на клупата.

Шпанските медиуми претходно објавија дека поранешниот голман на Арсенал и Јувентус ќе потпише договор до крајот на јуни следната година и дека за тоа ќе добие плата од три милиони евра, со можни бонуси.


Медицинските прегледи што треба да ги направи пред да пристигне во Барселона веќе се закажани за в понеделник.

- Оглас -

Најнови вести