Шеиците немаат дилеми – Гвардиола останува во Манчестер сити

Манчестер сити ќе ја продолжи соработката со Пеп Гвардиола, а веќе е постигнат договор за продолжување на договорот со шпанскиот стратег на 1+1 година.

Шеиците од Катар од „Сити фудбал груп“ немаат дилеми дека Гвардиола треба да остане на кормилото на англискиот клуб и ќе му понудат нов договор.

Гвардиола е менаџер на клубот од Манчестер од 2016 година и освои сè, освен најважното, титулата европски првак, што е главна цел на богатите шеици од Катар.

Популарните Граѓани со шпанскиот стратег на клупата двапати беа шампиони на Англија, еднаш го освоија трофејот во ФА купот и трипати во Лига купот, а и популарниот пехар од Комјунити шилд двапати се најде во витрините на еден од најдобрите англиски клубови.

 

- Оглас -

Најнови вести