Шекил О’Нил кажа кои тројца играчи се исто толку добри како Дончиќ, но заборави дека тие немаат 21 година

Шекил О’Нил реши да влезе „во војна“ со сите оние кои се восхитуваат на игрите кои ги има Лука Дончиќ во НБА-лигата. Легендарниот центар смета дека Словенецот е одличен играч, но дека не е единствен таков во најсилната кошаркарска лига во светот.

Еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА најпрво изјави дека во минатото имало кошаркари кои воодушевувале на теренот, но и дека сега има такви играчи. Шекил веднаш понуди три имиња на играчи кои се на нивото на Дончиќ.

„Не е вистина дека не го почитувам Лука. Само реков луѓето премногу се возбудуваат на игрите на Дончиќ. Тој е сјаен играч, но тоа што тој го прави, го гледам и кај други кошаркари. Таков играч е Стеф Кари. Таков е и Џејмс Харден. Тоа што го направи Дончиќ, минатата недела го видов и кај играч кој се вика Дамијан Лилард. Затоа велам само луѓето премногу да не се возбудуваат. Тоа е сè што сакам да кажам“, објаснува O’Нил, кој сепак заборави да потенцира дека овие тројца сигурно не играле на тоа ниво како Лука кога имале само 21 година.

Голем дел од кошаркарите, меѓу кои беа и Леброн Џејмс, Двејн Вејд, имаа реакции по победничката тројка на Дончиќ во дуелот против Лос Анџелес клиперс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести