Шест меча, шест победи на фаворитите на СП

Фаворитите не дозволија никакви изненадувања во второто коло од групите А и Д на женското Светско ракометно првенство. Дербито на денот требаше да биде дуелот Норвешка – Словенија, но Норвежанките ја покажаа целата своја сила во второто полувреме. Откако по првите 30 минути беше 13:12, во вториот дел фаворитот одигра фуриозно. Словенките дадоа само осум гола, а примија дури 23, за на крајот убедливо да загубат со 36:20.

Шведска уште во првото полувреме поведе со 16:7 против Кина и беше јасно кој ќе слави, а Јапонија не дозволи изненадување против Конго.

Резултати: Куба – Србија 46:27, Ангола – Холандија 28:35, Аргентина – Русија 22:35,  Конго – Јапонија 16:28, Кина – Шведска 19:32, Словенија – Норвешка 20:36.

Утре рано наутро почуваат мечевите од третото коло, па за обложување на ракометниот Мундијал треба да мислите уште вечерва, а дуелите ги имате на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести