Шестото коло на Спортска прогноза е микс од репрезентативен и клупски фудбал

Сите играчи на Спортска прогноза со нетрпение го чекаат секое коло, а веќе можете да типувате на 13+2 натпревари на популарната Спортска прогноза што за вас ја приредуваат обложувалниците на Sport Life и Спорт Манија, а на ред е шестото коло во оваа сезона.

Во фокусот ќе бидат натпревари од квалификациите за Европското првенство 2020, а во понудата го вметнавме и натпреварот Полска – Македонија, кој се игра в недела. На вас останува изборот дали ќе бидете патриотски расположени и ќе типувате икс или двојка или предност ќе им дадете на домашните.

Ова коло нема да почне стандарно во 15.30 часот како кога имаме парови само од клупскиот фудбал, туку можете да прогнозирате до сабота до 18 часот, кога почнуваат три натпревари (БиХ – Финска, Данска – Швајцарија и Колумбија – Чиле). Тоа се и единствени мечеви кои се играат в сабота.

В недела ќе се чекаат исходите од шест меча, меѓу кои и двата од нашата група од квалификациите, Полска – Македонија и Словенија – Австрија. За да не биде колото само со мечеви на репрезентациите, ви нудиме и две второлигашки пресметки од Холандија и Шпанија.

Програмата завршува в понеделник со четири репрезентативни дуели, по два младински за играчи до 21 година и од сениорските квалификации.

Не заборавајте да типувате и на двата резервни парови Алмере – Гоу ахед иглс и Пјаченца – Виченца, тие се бројат за Генерален пласман.

Наградите се веќе добро познати за редовните играчи, а информација за новите: за прогнозерот што ќе ги погоди сите 13 двојки од основната програма, џек-пот ќе биде прекрасниот мобилен телефон iPhone XS. За 12 погодени се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а 500 денари ваучер од Sport Life е наградата за прогнозерите што ќе имаат 11 погодени парови од основната програма.

Најдобриот прогнозер во Генералниот пласман на крајот на сезоната ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, вицешампионот ќе биде награден со 500.000 SL маркет поени, а до петтото место наградите се движат од 400.000 SL маркет поени, потоа 300.000, односно 200.000 за прогнозерот што ќе го затвори кругот во Топ 5.

- Оглас -

Најнови вести