Шилтон: Марадона е најдобар на сите времиња, но никогаш не би се поздравил со него (Видео)

Поранешниот голман на англиската фудбалска репрезентација, Питер Шилтон, во интервју за „Гардијан“, рече дека жали што пред 34 години немаше ВАР технологија која ќе го поништеше голот со рака на Диего Марадона во четвртфиналето на Светското првенство во Мексико. Тој гол на Марадона беше помогна Аргентинците да ја победат Англија со 2-1, и да се пласираат во полуфиналето. Подиоцна Гаучосите ја освоија и светската титула на тој Мундијал.

„Сликите покажуваат дека јас бев поблиску до топката отколку главата на Марадона. Затоа тој ја удри топката со рака. Луѓето велат дека ме надитрил, но тој тоа го стори со измама. Цел тим страдаше поради неговиот неспортски потег. Не треба мене да ми се извини, треба на цела Англија. Марадона делумно призна дека играл со рака, но вели оти била Божја рака, никогаш не се покаја или извини. Луѓето се жалат на ВАР, но таа технологија ќе беше добра за нас во 1986 година. Сум видел спортисти кои мамеле, но потоа признале и се извиниле. Кај Марадона нема спортски дух и фер-плеј. Тој не се извини. Затоа никогаш не се поздравил со него. Јас и сега мислам дека тој е најдобриот фудбалер во историјата, но не го почитувам како спортист“ – вели Шилтон кој сега има 70 години, а кариерата како голман му траеше неверојатно долго, од 1966 до 1997 година.

Ова е потсетување на најпознатиот „измамнички“ гол во историјата на фудбалот:

- Оглас -

Најнови вести