Шкендија Арачиново е големиот добитник после денешните резултати во Втората македонска фудбалска лига.
Арачиновци победија во Неготино против Вардар со 2-1, иако губеа до 15-тина минути пред крајот. Победничкиот гол за Шкендија беше автогол, и падна во 95-та минута по една мешаница во петерецот на домашните.
Тоа предизвика голема радост кај фудбалерите и фановите на Шкендија, а радоста веројатно им стана уште поголема кога дознаа дека нивниот главен конкуремт, Брегалница, во Штип загуби од Беласица со 0-1.
Сега Шкендија Арачиново е прва со 32 бодови, а Брегалница и Охрид имаат по 27. Белсица е четврта со 25. Во Прва лига директно ќе влезе само првиот, а вториот и третиот ќе играат бараж.

