Шкендија го преслуша и Борец и се зацврсти на врвот

Лидерот Шкендија по гостувањето во Велес каде што славеше со 2-0 против Борец ја запиша деветтата овосезонска победа во Првата лига на Македонија. Тетовци првпат по три гостувања и два порази во Велес триумфираа, по што тимот на Ѓока се зацврсти на врвот на табелата со 33 бода.

Се играше 25-тата минута кога гостите добија прилика да казнат од белата точка, Ибраими ја презеде одговорноста и успешно го зголеми контото на 13 овосезонски погодоци во домашниот шампионат.

Борец долго време чекаше да го пробие ѕидот на Шкендија, успеа во последните десетина минути од средбата, но голот за израмнување се поништи поради офсајд позоција. Набрзо потоа Дориев стави крај на дилемите за конечни 2-0 на „Зоран Паунов“ стадионот.

Шкендија сега има пет бода повеќе од второпласираниот Шкупи (28), но и меч помалку, Борец засега останува на четвртата позиција со 22 бода.

- Оглас -

Најнови вести