7.8 C
Skopje
среда, 7 јануари 2026

Шкендија и Струга Трим Лум ги започнаа зимските подготовки

Актуелниот првак Шкендија и второпласираниот тим во шампионатот, Струга Трим Лум, денеска ги стартуваа зимските подготовки.

Шкендија ќе има исполнет календар во пролетниот дел од сезоната, во кој тетовци ќе се борат на три фронта – домашното првенство, Купот и, за првпат во својата историја, во нокаут фазата од едно европско натпреварување по пласманот во плеј-офот од Конференциската лига на УЕФА.

Првите денови се посветени на медицински прегледи, пред тимот да се врати на полн работен ритам со две тренинг-сесии дневно. Првиот контролен натпревар е закажан за 15 јануари, додека главната фаза од подготовките ќе се одржи од 17 јануари до 1 февруари во Анталија, Турција.

Струга Трим Лум исто така ќе се подготвува во Анталија, каде ќе одигра неколку пријателски натпревари. Овие два тима се и најголемите конкуренти на лидерот Вардар во трката за шампионската титула.

Пролетниот дел од сезоната започнува на 11 февруари, кога Шкендија во Тетово ќе се соочи токму со Струга Трим Лум.

- Оглас -

Најнови вести