35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Шкендија – Лудогорец е меч како „создаден“ да нема повеќе од два гола

Македонскиот фудбалски првак Шкендија ја продолжува европската бајка и тоа вечерва на арената „Тодор Проески“, каде што за противник ќе го има Лудогорец во првиот меч од плејофот за пласман во Лигата на Европа.

Шкендија летово одигра три меча на свој терен во Европа и двапати се радуваше, против ТНС со 2:1 (по дополнителни 30 минути игра) и ФЦСБ (1:0), а еднаш минимално загуби со 0:1 од Карабах. Тоа што е забележително е дека Шкендија дома игра цврсто и не му дава многу шанси на противникот да се разигра, па може да се очекува да нема повеќе од два погодоци, како што беше по 90 минути игра на претходните три европски пресметки во Скопје.

Лудогорец најави дека во Скопје е дојден да победи, но сигурно нема да му биде лесно на бугарскиот првак да ја оствари својата цел.

Досега Вардар е единствениот македонски тим кој успеал да се пласира во групна фаза од Лигата на Европа, а сега Шкендија е на чекор да го повтори тој успех.

Тоа што е интересно е дека од сите денешни пресметки во Лигата на Европа, токму дуелот во Скопје е како најсигурен дека нема да има повеќе од два погодока.

- Оглас -

Најнови вести