Шкендија отпатува по победа во Луксембург

Фудбалската експедиција на Шкендија преку приштинскиот аеродром замина за Луксембург, со цел да се победи Дуделанж и да се остане на европската сцена во квалификациите за настап во Европа Лигата.

По три едноподруго настапи во плејоф мечевите за пласман во ЕЛ, Шкендија има тешка задача да го повтори тој успех и да направи и чекор повеќе за историски клупски настап во фаза по групи.

Во Скопје тетовци загубија на чуден начин со пресврт од Дуделанж, иако имаа позитива на полувреме од 1:0, на крајот се радуваа гостите на победа од 2:1.

Сега има треба победа од еден гол разлика, но со постигнати најмалку два гола, или секаков триумф со два или повече голови позитива против клуб што лани испиша своја историја и стана првиот тим од Луксембург што играл во фаза по групи во Европа Лигата.

Реваншот меѓу Дуделанж и Шкендија ќе се игра во вторник од 17.55 часот на „Жози Бартел“ стадионот.

- Оглас -

Најнови вести