Актуелниот македонски шампион, Шкендија, го потврди трансферот на Висар Муслиу во унгарскиот вицешампион МОЛ Фехервар, клуб чиј дрес го носи Бобан Николов.
Централниот дефанзивец за Шкендија настапуваше 18 месеци и освои две шампионски титули и еден Купот на Македонија. Муслиу настапи на 62 официјални натпревари (12 во европските купови) за Шкендија и постигна девет гола.
МОЛ Фехервар во минатата сезона се викаше МОЛ Види, а претходно Видеотон. Муслиу има 24 години, а бидејќи имаше договор до 30 јуни 2020 година, Шкендија за него ќе добие обештетување, чија висина не е позната. Од тетовскиот клуб официјално му се заблагодарија на Муслиу за придонесот во црвено-црниот дрес, и му посакаа среќа и успех во иднина.