Лидерот Шкендија го пречекува тимот на Работнички во Тетово и со триумф и официјално ќе ја завери шампионската титула на две кола пред крајот. Тетовци се борат за петтата шампионска титула во историјата, со што ќе станат втор најтрофеен клуб во македонскиот фудбал, зад неприкосновениот Вардар.

Денеска од 17 часот ќе се одиграат три натпревари од 31-вото коло во Првата македонска фудбалска лига. Поради познати причини, Пелистер и Силекс ќе добијат службени победи од 3-0 против Воска спорт и Гостивар, па целиот фокус ќе биде насочен кон Тетово.
Во Кавадарци, Тиквеш ќе ја пречека Беса во директна борба за избегнување на десеттото место, кое води во бараж за опстанок во елитата.
Во Струмица, Брера ќе се обиде да изненади против Шкупи, исто така во трката за спас.
Вчера, Вардар и Струга Трим Лум одиграа без голови во првиот меч од ова коло.