Фудбалската експедиција на Шкендија утрово отпатува за Романија, каде што утре домаќини ќе им бидат Стефан Ашковски и Давид Бабунски со својот тим Ботошани.
На ред е нокаут-мечот од четвртфиналето во квалификациите за настап во фазата по групи во Лигата на Европа, а ждрепката одлучи Шкендија да биде гостин.
Мечот ќе се игра од 17.45 часот на градскиот стадион во Ботошани. Домаќините се фаворити, а коефициентот за победа на Шкендија е одличен во Sport Life и изнесува 4.30.
Тетовци се поискусни, имаат одиграно доста натпревари на интернационалната сцена за разлика од Ботошани, екипа која ќе го игра само четвртиот меч во европските купови.
За Романците играат нашите интернационалци и поранешни репрезентативци Стефан Ашковски и Давид Бабунски. Ботошани има предност бидејќи игра на свој терен, а коефициентот за единица во Sport Life е 1.80, додека нерешен резултат има квота од 3.50.