Шкендија во дербито ги декласираше Лавовите, Силекс со десетмина го победи Вардар

Шкендија со убедливи 5-0 ја надигра Македонија Ѓорче Петров и покажа зошто е тим со најмногу бодови и дадени голови во Првата македонска фудбалска лига. Тинејџерот Дашмир Елези го постигна својот втор гол на третиот настап во сениорската кариера и ја отвори гол-серијата. По првиот дел беше 3-0, а во финишот тетовци уште двапати го совладаа гостинскиот голман и на ривалот му го нанесоа најтешкиот пораз во последните години.

За Вардар заврши серијата од две победи по ред и четири меча без пораз. Вардарци загубија од Силекс во Кратово, иако домашните цело второ полувреме играа со човек помалку по исклучувањето на Карчески во финишот на првото полувреме. Силекс преку стрелецот Ристов, голот го даде во 52-рата минута, кога на терен имаше еден играч помалку од Вардар.

Во Велес, стружани поведоа со 1-0 во второто полувреме, но финишот им припадна на домашните, кои направија пресврт. Работнички победи со гол од пенал. Голгетерот Дарбо со два гола придонесе за нов триумф на Шкупи

РЕЗУЛТАТИ, 14-ТО КОЛО: Академија Пандев – Ренова 0-1, Борец – Струга Трим Лум 2-1, Работнички – Пелистер 1-0, Шкендија – Македонија Ѓорче Петров 5-0, Шкупи – Беласица 3-1, Силекс – Вардар 1-0.

На табелата води Шкендија со 30 бода пред Шкупи кој има 28 и Македонија Ѓ.П. со 26.

- Оглас -

Најнови вести