Шкотите се радуваат на противнички автоголови, мајсторија на Шаќири (Видео)

Шкотска и Швајцарија играат 1-1 по првото полувреме на последниот денешен меч на Европското првенство во фудбал.

Шкотите и по вторпат на ова ЕП се радуваа на погодок кога нивниот противник си даде автогол, но после една грешка, Џердан Шаќири покажа каков мајстор е и погоди неодбранливо за 1-1. Шаќири е првиот Швајцарец кој дал гол на три различни европски првенства, а повеќе голови од него на ЕП со шутеви од надвор од 16-никот дал само Мишел Платини (Платини има 4, сите на неговото единствено ЕП во 1984 година).

На Швајцарците им треба победа за и дефинитивно да обезбедат место во осминафиналето.

- Оглас -

Најнови вести