Шкотска без двајца клучни играчи во финалето против Србија!

Играчот за врска Рајан Фрејзер и дефанзивецот Грант Хенли нема да бидат во составот на Шкотска за најважниот меч во последниве 20-тина години од фудбалската историја на оваа земја. Шкотска в четврток ќе гостува во Белград, на стадионот „Рајко Митиќ“, а победникот ќе си обезбеди место на завршницата меѓу најсилните фудбалски сили во Европа.

Шкотска цели 22 години чека да биде дел од едно големо натпреваруваање и да го повтори успехот од СП 1998 година, кога беше дел од завршницата. Фрејзер не играше во поразот на Њукасл, а Хенли не беше во составот на Норвич во минималниот триумф од 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести