Шкупи: Шкендија ни е ривал, a не непријател, нашата работа ја уништија неколку неуки луѓе!

Фудбалските клубови Шкупи и Шкендија денеска повторно се огласија со соопштенија до јавноста, во кои повикуваат на смирување на тензиите по вчерашниот меч од Купот.

Шкендија доби службена победа од 3-0, а Шкупи во следниот период како домаќин ќе треба да игра најмалку 100 километри од Скопје.

Чаирчани уште еднаш им се извинија на вистинските фудбалски фанови.

„Ова се неприфатливи настани. Не е возможно да се толерираат оние кои ги прават овие работи. Која и да е причината, не може да има оправдување. Три-четири години работиме деноноќно, клубот стигна до одредена точка, стана шампион, игра и во Европа, ги комбинираме денот и ноќта за да ја оствариме нашата цел, но името на клубот е извалкано и нашата работа ја извалкаа 3-5 неуки луѓе. Да не заборавиме дека ниту еден трофеј, ниту успех, ниту една победа не може да биде еквивалент на човечки живот. Сакаме да им кажеме на оние кои ги предизвикаа овие настани: Во овие настани вчера, родител можеше да остане без своето дете, а детето без својот родител. Ги прашуваме луѓето кои го предизвикаа ова, ако се случеше вакво нешто, дали ќе имаа доволно совест да живеат со тоа ако го предизвикаа? Фудбалот е убава игра која се игра заедно со радост, без оглед на јазикот, религијата или расата. Ќе погледнеме каде лежи вината во нас и никогаш повеќе нема да дозволиме ваков настан да му се случи на Шкупи. Да, Шкендија е еден од нашите најголеми ривали, ривал, НО НИКОГАШ НЕПРИЈАТЕЛ. Оние кои сакаат да започнат непријателство тука, никогаш нема да ги постигнат своите цели“, порачаа од Шкупи.

Од Шкендија повикаа на запирање на насилството на фудбалските терени и стоп на омразата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести