Шкупи загуби со 2:0 во Гибралтар, но на крајот чаирчани се радуваа

Македонскиот фудбалски првак Шкупи се пласираше во второто квалификациско коло од Лигата на шампиони, иако на гостувањето во Гибралтар загуби од Линколн со 2:0. Чаирчани одат понатаму благодарение на победата во првиот меч со 3:0. Следен ривал на Шкупи ќе биде хрватскиот првак Динамо Загреб.

Хуанфри ги доведе домаќините во водство со 1:0 благодарение на голот во 32 минута, што беше резултат од првото полувреме. Играчите на Линколн продолжија да напаѓаат, а тоа резултираше со погодок во 69 минута, кога шампионот на Гибралтар поведе со 2:0.

Во последните 20 минути Шкупи успеа да се одбрани, па на крајот и поразот од 2:0 за нив значеше продолжување во следната фаза. Првиот меч меѓу Шкупи и Динамо ќе се игра на 19 јули во Загреб, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести