Шокантни информации објавија од НБА-тимот Денвер нагетс, нивната ѕвезда Арон Гордон пред две вечери бил изгризан од куче во пределот на лицето и десната рака со која што шутира,и не се знае кога ќе се врати на кошаркарските терени, но сигурно е дека ќе пропушти неколку натпревари.
Гордон бил шиен со 21 копче, што е доказ дека станува збор за сериозни повреди, а од Нагетс објавија дека тој се чувствува добро без конкретно да кажат кога би се вратил на паркетите.
Гордон вечерта на Божик, на 25 декември, имаше 16 поени и 10 скока во победата на Денвер против Голден стејт, а потоа му се случил хоророт.